„Седнав да разговарам со човекот кој ме силуваше“: Ешли Џад проговори за своето исцелување

1 min read

Актерката Ешли Џад отворено проговори за силување кое го преживеала, а случило во 1999 година.

На подкастот „Исцелување со Дејвид Кеслер“, актерката истакнала дека го запознала нејзиниот силувач сакајќи да ја „слушне неговата страна од приказната“ и дека „завршиле на лулка столици седејќи заедно покрај потокот“.

Актерката нагласила дека овој човек и рекол дека се покајал, што и било многу важно.

„Сакав да ја споделам таа приказна бидејќи има многу начини да се излечиме од тагата и важно е да ги потсетам слушателите“, рече Ешли.

За силувањето за прв пат проговорила во 2011 година во својата книга „Се е горко и слатко“, а подоцна јавно му се заблагодари на својот терапевт кој и помогнал да се справи со сето тоа.

„Девет години по моето закрепнување, можам да одам напред и да кажам дека мојата „приказна“ не е „моја приказна“, напиша таа во својот есеј за „Mic.com“ во тоа време.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лапорта: Би сакале Меси да ја заврши кариерата во Барса

Следно

Пендаровски постхумно ќе ги одликува Крсте Црвенковски и Невена Георгиева – Дуња, а со медали за храброст борци од НОБ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian