САД испраќаат ловци Раптор во Полска, нивната најголема воена тајна

2 mins read

Воздухопловните сили на САД испраќаат ескадрила од своите авиони Ф-22 Раптор во Полска, како дел од нивната поддршка за мисијата „воздушен штит“ на НАТО.

Целта, како што пренесуваат медиумите, е да се одвратат потенцијалните руски закани во Источна Европа.

Вкупно шест ловци Ф-22 од 90-та борбена ескадрила неодамна се преселиле од нивната домашна база Елмендорф, Алјаска во базата на британските кралски воздухопловни сили во Лејкенхит.

Според официјалното соопштение на претставниците на командата на американските воздухопловни сили во Европа и Африка, „шестката“ наскоро ќе се пресели во 32-та тактичка воздухопловна база во Полска.

Како што пишува Јутарњи лист, уште пред почетокот на руската инвазија на Украина, САД префрлиле осум ловци Ф-15 Игл од Лејкенхит во Ласк, како дел од истата мисија „воздушен штит“, како напреден елемент на одбраната на НАТО.

Одлуката за испраќање ловци Ф-22 е многу важна бидејќи се работи за најопасниот борбен авион во светот, кој Пентагон го смета за стратешки ресурс. Станува збор за невидлив авион опремен со најсовремени технологии, кој е забранет за извоз и кој досега беше исклучиво одговорен за одбрана на територијата на САД.

Многубројните борбени способности на Raptor сè уште се чуваат како строга тајна, а на пилотите им е забрането да изведуваат одредени акции и маневри за време на јавни демонстрации, па дури и за време на заеднички маневри со сојузници од други земји.

Распоредувањето на највредното оружје на американските воздухопловни сили во Полска е резултат на планот за зајакнување на европската одбрана договорен од лидерите на НАТО на самитот во Мадрид.

kurir.mk

Претходно

ФОТО | Доналд Трамп се појави без шминка, луѓето шокирани коментираат

Следно

Готово е второто од вкупно седум игралишта во Гази Баба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian