Просечната нето плата во Црна Гора во јуни 708 евра, за 2,1 отсто пониска

1 min read

Просечната нето плата во Црна Гора во јуни изнесувала 708 евра и е за 0,3 отсто помала од претходниот месец, покажуваат податоците на црногорската статистичка агенција Монстат.

Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во јуни во однос на мај пораснале за 1,8 отсто, произлегува дека реалната заработка забележала месечен пад од 2,1 отсто, се објаснува во соопштението на Монстат.

Во однос на јуни 2021 година, просечната јунска нето плата е зголемена за 33,6 отсто.

Просечната бруто-плата по вработен во јуни изнесувала 873 евра.

Монстат објави и дека просечната бруто-плата по вработен во вториот квартал годинава, во однос на првиот квартал, бележи намалување од 0,3 отсто.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ноќна патрола за мирно лето во Општина Аеродром

Следно

ФОТО | Доналд Трамп се појави без шминка, луѓето шокирани коментираат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian