ПРЕСВРТ: Роналдо ќе игра за Манчестер јунајтед против Рајо на Столе Димитриевски

1 min read

Кристијано Роналдо сепак ќе игра за Манчестер јунајтед, иако тимот отпатува во Осло без него, па медиумите претпоставуваа дека Португалецот бил блиску до заминување од Англија.

Португалскиот ас се врати во Карингтон, базата на Манчестер јунајтед, но по два дена неуспешни преговори, менаџерот Ерик Тен Хаг не го вклучи во списокот на играчи кои отпатуваа во Осло на пријателските натпревари со Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Во тимот се додадени последните двајца новајлии Лисандро Мартинез и Кристијан Ериксен и треба да ги видиме на теренот. Сè уште никој не објаснил што се случило во следните три часа, но следела објавата на Роналдо:

Кралот игра во недела“.

Јунајтед прво игра против Атлетико Мадрид и Португалецот ќе го прескокне тој меч, но утре ќе отпатува за Осло и во недела ќе биде во составот на тимот.

– Невозможно е да не зборувате за мене ниту еден ден. Во спротивно весникот нема да заработи пари. Знаеш дека ако не лажеш, нема да го привлечеш вниманието на луѓето. Продолжете така, така што еден ден ќе ја имате вистинската информација – напиша Роналдо на Инстаграм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ставен под контрола пожарот кај Мармарис

Следно

ВИДЕО | Пар вдомил анксиозен мачор, a потоа се случила неверојатна промена

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian