Вкупно осум екипи ќе учествуваат на јубилејниот 50 струшки турнир, а се поделени во две групи.
Мечевите ќе се играат на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во периодот од 16 до 20 август 2022 година.
Во групата „А“ се домаќинот Струга, потоа АЕК Атина (Грција), Татран Прешов (Словачка) и Е. Пелистер.
А во групата „Б“ се Вардар 1961, Бутел Скопје, Целје Пивоварна Лашко (Словенија) и РК Алкалоид.
Титулата од минатата година ќе ја брани Вардар 1961 кој во финалето по продолженијата беше подобар од Е. Пелистер со 33:32.