Осуммина загинати во пожар во хостел во Москва

1 min read

Најмалку осум лица загинаа синоќа во пожар во зграда во Москва, соопштија руските власти, прецизираjќи дека пожарот избувнал во хостел.

Првичните податоци укажуваат и дека уште четири лица се хоспитализирани.

Во друго соопштение, спасувачките служби посочија дека пожарот го зафатил најнискиот кат од 15-катница. Над 200 луѓе мораа да бидат евакуирани.

„Решетките на прозорците ги спречија луѓето да се спасат – ова е главната причина за смртните случаи“, изјави Андреј Румјанцев, привремен шеф на спасувачките служби во Москва.

Тој додаде дека алармот за пожар во хостелот не се вклучил, а при контролите на зградата во 2019 година и во јуни истата година биле констатирани прекршувања на безбедносните стандарди.

kurir.mk

Претходно

Денеска Регулаторна комисија се очекува да ја објави покачената цена на парното греење

Следно

Ноќна патрола за мирно лето во Општина Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian