Официјално: Бесир Демири е новиот дефанзивец на Шкупи

1 min read

Бесир Демири повторно ќе настапува за Шкупи, актуелниот македонски шампион кој летово игра на меѓународната фудбалска сцена.

Шкупи е инаку првиот клуб на Демири во својата професионална кариера, а последен клуб му беше албанската екипа на Динамо Тирана.

Од 2014 до 2016 година ги бранеше боите на Шкендија, па се пресели во Вардар, продолжи во Украина да игра за Мариупол, во периодот 2019-2020 беше член на словачката Жилина, а настапуваше и за албанскиот Кукси.

Чаирчани по елиминацијата од Динамо Загреб, ќе продолжат во третото квалификациско коло на Лига Европа во кое за противник ќе го имаат Шамрок Роверс. Првиот меч е на 4 август во Ирска, а реваншот е пет дена подоцна во Скопје.

Демири има два настапи за сениорската репрезентација на Македонија, беше дел од У21 селекцијата на Европското првентво 2017, а следната година беше повикан во составот на албанската репрезентација за натпреварите во УЕФА Лигата на нации (2018/2019).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Продолжуваат жештините, мало разладување се очекува во недела и понеделник

Следно

ФОТО | Топлес во шестата деценија од животот: Ел Макферсон на насловната на магазинот „ELLE“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian