Илјадници обожаватели на британското кралско семејство во светот деновиве го читаат најинтересното четиво за оваа година – книгата „Revenge“ или „Одмазда“ на британскиот новинар Том Бауер, во која Меган Маркл е опишана преку најлошите можни приказни на поранешните колеги, пријатели како и нејзиниот татко Томас Маркл.
Том Бауер, познат британски новинар, посветил неколку месеци на истражување на животот на Меган Маркл, а книгата што ја напиша сега се продава како „алва“. Изминативе денови делови од книгата протекоа на „Твитер“, а една информација од книгата особено ги погоди обожавателите на британското кралско семејство.

Како што наведува Бауер во книгата, Меган Маркл ја малтретирала малата принцеза Шарлот пред нејзината венчавка со принцот Хари и му кажала на малото девојче дека е дебело. Ова, според книгата, страшно ја погодило Кејт Мидлтон, која се расплакала, а тој настан засекогаш го променил односот меѓу двете снаи.
На „Твитер“ се активни хаштаговите „#MeghanMarkleExposed“ и „#MeghanMarkleBulliedCharlotte“, а под нив се напишани илјадници објави. Социјалната мрежа „Твитер“ исто така е преплавена со фотографии од делови од книгата кои би можеле да ѝ го „загрозат“ имиџот на војвотката.

Никој нема добар збор за неа
Авторот признава дека за потребите на книгата интервјуирал воглавно луѓе кои денес не се во добри односи со Меган и немаат најдобро мислење за неа. Токму тие ја опишале сопругата на принцот Хари како многу наметлива, тешка, нефлексибилна и која често ги повредува до солзи своите блиски луѓе и соработници.
Покрај тоа, тие објасниле дека таа отсекогаш се стремела кон луксуз, дури и пред да го запознае британскиот принц. Еден од нејзините долгогодишни колеги ја опиша како најгрубиот човек со кој некогаш работел.
„Меган јасно им стави до знаење на своите блиски луѓе и колеги дека не треба да зборуваат за неа и на некои им се закануваше со тужби, но јас успеав да соберам околу 80 соговорници за мојата книга“, посочи Бауер, пренесува „Daily Mail“.

Тврдат дека се омажила од интерес
Соговорниците на Бауер ја опишуваат како непредвидлива, тешка и напорна. Поголемиот дел од соговорниците во книгата, која сигурно ќе ги потресе принцот Хари и Меган Маркл, наведуваат дека таа се омажила исклучиво од интерес, а тоа е да стане славна и богата, што нејзината дотогаш актерска кариера не ѝ го овозможила тоа како што очекувала таа.