Милиони луѓе во исчекување за добитното ливче на Мега милионс вредно над милијарда долари

2 mins read

Кој ќе го добие џекпотот од над милијарда долари вечерва на извлекувањето на Мега милионс, најголемото лото во САД.

Ова е главното прашање во Америка деновиве, откако во вторникот не беше продадено добитно ливче со сите шест погодоци вредно 830 милиони долари. Со тоа, можниот џекпот вечерва би чинел приближно 1.025 милијарди долари, трета по големина добивка во историјата на Мега милионс.

Шансите да се добие оваа сума сепак се многу мали, една во 303 милиони, бидејќи се очекува толку ливчиња да бидат во оптек. Сајтот на Мега милионс во вторникот беше недостапен некое време, поради посетеноста и интересот на милиони.

Победникот има можност да ги прими парите како исплата во текот на неколку години или да земе помал паушал. Добитникот на вечерашното извлекување може да добие 602.5 милиони долари чиста готовина, по сите платени даноци и други трошоци.

Порано или подоцна победник мора да има, па второ прашање кое е во центарот на вниманието е: што да се прави ако добиеш на лото над милијарда долари?

Во Америка, историјата на поранешните добивки покажува лепеза од разни сценарија во кои се нашле добитниците на лото.

Како што пишува Вашингтон пост, многумина си ги отплаќаат долговите, купуваат куќи и парите ги инвестираат на берзата. Некои пак ги даваат своите пари за изградба на аквапарк, отворање на казино во Атлантик Сити или започнување на женски професионален боречки клуб.

Други се навикнуваат на живот на мултимилионер. Некои пак велат дека радоста и возбудата придружени со неочекуваното збогатување се претвораат во лоши избори, караници и тага – и растурени животи.

Џекпотот што се извлекува денеска е за малку повисок од минатогодишните Мега милионс во висина од 1.05 милијарди долари кои ги доби ливче купено од четворица членови на приградски лото клуб од Детроит.

kurir.mk

Претходно

Манчестер јунајтед без Роналдо за мечот против Атлетико Мадрид

Следно

Македонските репрезентации со успешен почеток на Шаховската олимпијада во Ченаи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian