Локомотива Загреб со три Македонки во Лигата на шампионите

1 min read

После македонската репрезентативка Леонида Гичевска, хрватскиот женски клуб Локомотива Загреб ја информираше јавноста дека нова ракометарка на тимот е и Сања Дабевска.

Така, вкупно три Македонки Андреа Седлоска заедно со Гичевска и Дабевска ќе бидат дел од Лигата на шампионите следната натпреварувачка сезона 2022/2023.

Во текот на ланската сезона Дабевска ги бранеше боите на романската екипа Дева.

А исто така беше дел и од унгарскиот тим на Дувајварош. Претходно настапуваше уште за Јонијас од Грција, а во нашата земја играше за Куманово, Пелистер, Металург и Гостивар.

Локомотива Загреб во ЛШ е во групата „Б“ со Мец, Рапид Букурешт, Будуќност, Сторхамар, Тим Есбјерг и Кастамону.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Нема да бараме влакно во јајцето“: Шпанија ја поддржува Србија околу косовското прашање

Следно

Дневен хороскоп за 30 јули: Не затворајте очи пред фактите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian