Лапорта: Би сакале Меси да ја заврши кариерата во Барса

1 min read

Претседателот на фудбалскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта изјави дека би сакал да го види Аргентинецот Лионел Меси да ја заврши кариерата во дресот на каталонскиот клуб.

Откако некои шпански медиуми оваа недела објавија дека тренерот на Барселона Чави побарал од раководството на клубот да ја разгледа можноста за враќање на Аргентинецот, Лапорта во четвртокот во Њујорк појасни дека тоа е само желба што би сакал да ја исполни.

Времето на Меси во Барса не заврши како што сакавме – објасни Лапорта, конкретно осврнувајќи се на „економските причини“ кои доведоа до негово заминување во Пари Сен Жермен по 16 години поминати на „Камп Ноу“.

– Мислам дека Барса има морален долг кон Меси. Би сакале да ја заврши кариерата во дресот на Барселона и да добие овации на сите полиња. Се надеваме дека таа желба ќе ја претвориме во реалност – рече Лапорта.

Лео Меси, кој пред една година дојде во ПСЖ откако во солзи ја напушти Барселона, имаше тешка прва сезона во ПСЖ со само 11 гола на 34 натпревари, далеку од неговите вообичаени стандарди. Има уште една година од договорот со францускиот првак, но и опција да остане во Париз дополнителни 12 месеци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Викенов ќе се сечат две опасни тополи на булевар „Борис Трајковски”

Следно

„Седнав да разговарам со човекот кој ме силуваше“: Ешли Џад проговори за своето исцелување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian