Кујни на регионот: Пробајте го стариот далматински рецепт за рожата

2 mins read

Рожата (или како што уште се нарекува рожада или розата) е традиционален далматински деликатес. Се подготвува со генерации по оригиналниот рецепт што се пренесува од колено на колено.

Првиот рецепт е забележан во 1300 година под името „фратров пудинг“, а како главна состојка се користи ликер од роза, кој во Дубровник го нарекуваат розалин, па така и овој колач го добил името.

Во однос на состојките и начинот на подготовка, не се разликува премногу од италијанскиот крем со карамела, францускиот крем бруле или шпанскиот флан. Можеме да кажеме дека станува збор за истиот деликатес што го присвоиле различни народи низ историјата и му го дале името. Освен лесната подготовка и фантастичниот вкус, состојките се прилично евтини и едноставни. Совршената комбинација на вкус на ликер, кора од лимон и карамела го прави овој колач вистинско летно освежување.

Состојки:

– 10 јајца
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 20 лажици шеќер
– 1 лажица брашно
– 1 литар млеко
– ликер од роза
– кора од 1 лимон

Фото: Профимедиа

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќер (10 лажици) и ванилиниот шеќер, па се додаваат брашното, неколку капки ликер од роза, кората од лимон и млекото и убаво се соединува мешајќи со миксер.

Во тенџерето сипете го шеќерот (10 лажици) и оставете да се вари додека не се карамелизира. Потоа, во калапот сипете го филот со карамела и врз него ставете ја добиената смеса од јајцата и млекото.

Во подлабок тепсија сипете вода и ставете го калапот со колачот. Водата треба да дојде до половина од калапот.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Оставете го колачот да се излади на собна температура, а потоа, со помош на чинија извадете го колачот на тацна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ивановски е полуфиналист на турнирот во австрискиот Котингбрун

Следно

Ковид состојба: Од 1.602 тестови, повеќе од половина позитивни, двајца починати додадени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian