Изборот на уставни судии се враќа на дневен ред во Собранието

1 min read

Од девет имиња пратениците од собраниската Комисија за прашања за изборите и именувањата треба да утврдат предлози кои ќе бидат доставени за гласање на пленарна седница. Од предложените кандидати треба да се изберат тројца судии за места во Уставен се испразнија пред повеќе од една година

Дебата за изборот на тројца уставни судии се враќа во матичната собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата.

За денеска, како што стои во собранискиот календар на официјалната веб-страница, има продолжение на седницата на комисијата на чиј дневен ред е оваа точка.

За трите испразнети места за кои конкурс беше распишан пред повеќе од една година предложени се вкупно 9 кандидати.  Тројца дојдоа како предлог од владејачкото мнозинство: актуелниот државен обвинител Љубомир Јовески, апелацискиот судија Фатмир Скендер и правничката Татјана Васиќ; а шестмина предложи опозицијата: професорката од Правниот факултет во Скопје Родна Живковска, пензионираниот професор Саво Климовски, шефот на Вишото обвинителство Шитп Тодор Витларов охридскиот обвинител Воислав Димоски, управната судијка од Битола Весна Јовановска и пензионираниот гостиварски судија Бранко Секулоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Угледниот епидемиолог го откри најчестиот симптом на сојот „Кентаур“ на коронавирусот

Следно

Петков: Ако има мафија во Бугарија тоа се околу 50 луѓе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian