Македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска во четвртфиналето на турнирот во Котингбрун (Австрија) успеа да го совлада домашниот натпреварувач Питер Голдстејнер со 2:0.
Првиот сет го освои нашиот тенисер со 6:3, а во вториот доминираше со 6:4 за трета победа на ИТФ турнирот.
Претходно во 1/16 финалето со 2:1 (4:6, 6:3, 6:3) го елиминираше Италијанецот Фаусто Табако, а во осминафиналето беше подобар од уште еден Италијанец, Андреа Гуерери двапати со 6:3.
За пласман во големото финале Ивановски ќе ги одмери силите против Валентин Вачерот од Монако кој е инаку прв носител.
Во второто полуфинале Макс Хукес од Холандија за противник го има вториот носител Џовани Орадини (Италија).