Инфлацијата во Словенија на рекордно ниво

1 min read

Цените на производите во Словенија се зголемени за еден процент во јули во однос на јуни, додека растот на цените на годишно ниво е 11 отсто, што е исто како и официјалната инфлација, објави денеска словенечкиот завод за статистика.

Ова е најголем месечен и годишен пораст на цените во Словенија од 1995 година, а најголем придонес за тоа, заедно со цените на енергенсите, имаше и поскапувањето на храната.

Зголемувањето на цените во Словенија мерено со усогласениот индекс на дневни потреби што го применува Европскиот завод за статистика е уште поголем и изнесува 11,7 отсто, додека во јули минатата година изнесуваше само два отсто.

Енергијата за 10% поскапа

За високата инфлација најмногу придонесоа енергенсите кои во просек се поскапи за десет отсто во однос на пред една година.

За една година горивата поскапеле за 49,7 отсто, храната поскапела за 13,5 отсто, а струјата поскапела за 30,4 отсто.

Цените на стоките на годишно ниво се зголемени во просек за 14,6 отсто, а на услугите за шест отсто.

Инфлацијата во Словенија, која е членка на Европската монетарна унија од 2007 година, во моментов е повисока од просекот во еврозоната, кој, според првата проценка објавена денеска од Европската статистичка служба, изнесува рекордни 8,9 отсто, а чие зголемување сè уште е поттикнато пред се од високите цени на енергијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бербок: Никој нема право да оспори дека островите во Егејското море се грчки

Следно

Манчестер јунајтед без Роналдо за мечот против Атлетико Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian