ХОРОР: Вооружени мажи силувале 8 жени при напад за време на снимање на спот

1 min read

Група вооружени мажи нападнале и силувале осум девојки за време на снимање на спот во близина на Јоханесбург, Јужноафриканската Република.

Портпаролката на полицијата, бригадниот генерал Бренда Муридили, во изјавата рече дека неидентификувани вооружени напаѓачи вчера нападнале екипа која снимала видео на сет поставен во регионот Кругерсдорп.

Објавувајќи дека во нападот на сетот биле силувани осум жени, Муридили рече дека и некои членови на тимот биле ограбени, јави Анадолија.

Поведена е опсежна истрага и потера за фаќање на сторителите.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | „Во тој момент бев збунет“: Вилм Смит повторно се обиде да му се извини на Крис Рок

Следно

Ставен под контрола пожарот кај Мармарис

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian