Хемофилтрација во „Жан Митрев“ направиле 560 ковид пациенти, секое досие посебно ќе го прегледаат експерти

2 mins read

За да се расплетка случајот со примената на хемофилтрацијата во приватната клиника „Жан Митрев“ потребно е време и тоа го побара министерот за здравство, Беким Сали и да се остават надлежните институции стручно да си ја завршат својата работа, за да можат граѓаните да добијат точни податоци што таму се случувало.

Во министерството за здравство вчера пристигнале 560 обемни досиеја на пациенти со ковид лекувани со хемофилтрација во „Жан Митрев“ и за да се прегледа таа документација потребна е методологија и класификација на пациентите.

-Треба да се направи класификација на пациенти, според тежината на случаите, според периодот на престој, кога лежеле во таа болница. Мора да создадеме методологија зошто досега немало случај со ваков обем, а јас шест месеци сум министер и  сум најсериозно посветен да го решам со точни податоци до јавноста. Од клиниката Жан Митрев соработуваа вчера ни доставија купишта документи, за секој случај посебно, рече министерот Беким Сали.

Тој им вети на новинарите дека ќе биде достапен 24/7 но и нагласи дека нема да дава информации за случајот пред време за да не бидат злоупотребени.

-Имаме соработка на 5 институции,  на пет различни групи поврзани директно со министерот за здравство. Тука се тимови од ДСЗИ, Лекарската комора, Малмед, Комисија за интерхоспитални инфекции која јас ја формирав како и Стручна комисија која ќе го анализира секој поединечен случај за индикациите за користење на хемофилтрација. Притисокот е многу голем за брзо решение и брзи заклучоци. Добивме материјали од „Жан Митрев“ за  560 пациенти со ковид кои биле третирани со хемофилтација. Тоа се обемни досиеја, паценти кои престојувале таму цел месец. Експерти од четири клиники, од Кардиохирургија, од Интензивна клиника, од Инфективна и од Нефрологија поединечно ќе го анализираат секој случај, рече министерот.

Целта е да се излезе со конечен прецизен извештај пред јавноста за тоа што се случувал во „Жан Митрев“.

-Оставете да си ја работиме нашата работа. На случајот не треба да се гледа еднострано, туку од сите 3 страни за да донесеме прецизен заклучок за овој случај, дециден е Беким Сали.

Беким Сали: Пред пикот на четвртиот бран сме, но со ковидот не сме никогаш на сигурно

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Давор Панчевски ја открива тајната за совршен домашен сладолед

Следно

Годишната инфлација во Еврозоната овој месец достигна рекордни 8,9 проценти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian