Готово е второто од вкупно седум игралишта во Гази Баба

1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на својата официјална фејсбук страна објави за нов реализиран проект во Керамидница.

Станува збор за второто од вкупно седум нови спортски игралишта, кои треба да се изградат на територија на општина Гази Баба од кои пет со тартан подлога и две со подлога на вештачка трева.

„Жителите на Керамидница добиваат најсовремено спортско катче за спортување и рекреација.Продолжуваат градежните работи на терен за изградба на сите седум спортски игралишта“,напиша Стефковски на својот официјален фејсбук профил.

skopjeinfo.mk

Претходно

САД испраќаат ловци Раптор во Полска, нивната најголема воена тајна

Следно

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Сè што треба да знаете за проблемот со полицистични јајници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian