ФОТО | За само неколку часа Џони Деп заработи 3,5 милиони евра од продажба на своите слики

2 mins read

Актерот Џони Деп речиси преку ноќ заработил повеќе од 3,5 милиони евра продавајќи колекција портрети, која ја направил и ја посветил на големите имиња на Холивуд. Продажбата е извршена во британската галерија „Fine arts of the castle“, пренесуваат британските медиуми.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ овој четврток ја најави продажбата на своите ограничени изданија на литографија преку својот профил на Инстаграм. Тоа резултираше со голема активност на порталот на галеријата, до тој степен што беше блокиран.

Литографијата е процес на печатење кој се состои од цртеж, текст или фотографија, на варовник или метална плоча.

Онлајн беа понудени 780 парчиња како дел од дебитантската колекција „Пријатели и херои“ (Friends and Heroesthey). Колекцијата ја претставуваат четири личности кои, како што рече, го инспирирале: „Ролинг стоунс“, т.е. Кит Ричардс, актерот Ал Пачино, пејачот Боб Дилан и актерката Елизабет Тејлор.

Поединачните дела пристигнале врамени и се продаваат по цена од 4.700 евра. Комплетен сет од четири слики чини 17.850.

„Отсекогаш сум ја користел уметноста за да ги изразам своите чувства и да размислувам за луѓето кои ми се најважни, како што се семејството, драгите пријатели и луѓето на кои навистина им се восхитувам“, рекол Џони Деп.

Во соопштението, галеријата ја објасни својата работа обидувајќи се да ја опише како „сместена на раскрсницата на поп и уличната уметност“.

„Од фотографски референци, секоја слика беше сведена на поедноставно и поиконично претставување на субјектот, што Џони Деп потоа го разви и охрабри со своите претпознатливи потези со слободна рака“, опишува галеријата.

„Fine arts of the castle“ која претходно продаваше дела од самиот Дилан и Рони Вуд, меѓу другите, истакна дека веќе извесно време се во преговори за прикажување на делата на Деп и се надеваат дека ќе го направат тоа повторно во иднина.

Прва по судскиот процес: Џони Деп во улога на контроверзниот француски крал Луј XV

Деп донираше 800.000 долари во добротворни цели вклучувајќи ја и болницата на која Амбер ѝ остана должна

Прва по судскиот процес: Џони Деп во улога на контроверзниот француски крал Луј XV

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Роналдо бесен како никогаш: Само продолжете да лажете за мене

Следно

Никола Попоски : Вметнувањето на Бугарите во Уставот не е трагедија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian