ФОТО | Поминаа десет години откако победи на Мис Универзум: Оливија Кулпо изгледа неверојатно

1 min read

Поранешната Мис Универзум, денес модел и актерка Оливија Кулпо, продолжува да фасцинира со својот изглед. Иако поминаа десет години откако победи на изборот за Мис Универзум, оваа манекенка не престанува да импресионира со својот изглед. Често е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде со своите повеќе од пет милиони следбениците споделува фотографии од приватниот живот.

Моделот неодамна објави фотографија на која позира во златно бикини покажувајќи ја својата природна убавина со минимална шминка на лицето.  Сепак, нејзиното фит тело, како и златниот модел на бикини, кој одлично и стои, беа во преден план на фотографијата, а тоа го забележаа нејзините бројни следбеници.

По објавта следеше лавина од коментари за изгледот на поранешната мисица, а голем дел од коментарите беа емотикони бидејќи нејзините фанови  останаа без зборови пред нејзината величествена убавина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Чурлинов му донесе триумф на Штутгарт во Купот на Германија

Следно

Новата американска амбасадорка и повратничка во Скопје, Анџела Агелер, вели дека ќе им помогне на властите поефикасно да се борат со корупцијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian