ФОТО | Доналд Трамп се појави без шминка, луѓето шокирани коментираат

2 mins read

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (76) на голф турнирот ЛИВ се појави без шминка, а многумина не го препознаа без портокаловиот тен, па на Твитер почнаа да се шегуваат на негова сметка.

Препознатливиот портокалов сјај и светлите подочници исчезнаа од лицето на Трамп. Конечно изгледал природно, а и неговите брчки биле поизразени.

Фото: Профимедиа

Поранешниот претседател се појави во бела поло маица, црни панталони и капа МАГА, а многумина забележаа дека изгледа поприродно од вообичаено. Наместо портокаловиот тен, бојата на кожата на лицето му се совпаѓала со онаа на вратот, а брчките биле поизразени. Неговиот изглед поттикна бројни корисници на Твитер да направат бројни хумористични досетки.

Неговиот изглед ја шокираше јавноста, а корисниците на Твитер го коментираа неговиот изглед и го споредија со Дарт Вејдер.

„Трамп без шминка изгледа како сосема друга личност“, напиша еден корисник на Твитер.

„Изгледа како да пиел од погрешен грал“, додал друг, алудирајќи на сцената од филмот „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“.

„Изгледа како Дарт Вејдер кога ќе ја тргне маската“, напишал еден корисник.

„Иако тоа не го одобрувам, разбирам зошто користи спреј за потемнување“, е еден од коментарите.

Инаку, Трамп играше голф на турнир што се одржа во Бедминстер, Њу Џерси, кој е поддржан од Саудиска Арабија. Заедно со Трамп, на турнирот се појавија и други познати личности како неговиот син Ерик, професионалниот голфер Дастин Џонсон и Кејтлин Џенер.

Победникот на турнирот заминува дома со четири милиони долари. На турнирот учествуваат 12 екипи и 48 голф играчи.

САД нудат десет милиони долари за информации поврзани со претседателските избори на кои победи Трамп

Која беше Ивана Трамп? Сите ја паметат по славната реченица по разводот од Доналд: Не лути се, земи му сѐ!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Просечната нето плата во Црна Гора во јуни 708 евра, за 2,1 отсто пониска

Следно

САД испраќаат ловци Раптор во Полска, нивната најголема воена тајна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian