ФОТО | „Добредојде Кирил, јунак наш“: Сара Мејс и Димитар Атанасовски станаа родители по вторпат

1 min read

Семејството Атанасовски е побогато за уште еден член. Нашата поп пејачка и харфистка, Сара Мејс, на свет го донесе своето второ дете. Пејачката на почетокот на годинава, поточно на 17 јануари ја израдува јавноста со веста дека по вторпат ќе стане мајка.

По најавата за приновата, Сара и нејзиниот сопруг, водителот Димитар ни го открија полот на бебето на забавен начин доследен на светските трендови. Семејството радосно ја отвори кутија, а сините балони го издадоа полот на бебето. Во последните месеци од бременоста на Сара, семејство Атанасовски не изненадија со прекрасна фотосесија.

Вчера, Сара и Димитар  по вторпат станаа родители. Парот ја има ќерката Илина, која сега доби нова улога – постара сестричка.

„Добредојде Кирил, јунак наш“ – напиша пејачката во описот на фотографијата со која го откри името на синот и му посака добредојде.

Мама Сара додека се подготвувала за снимање со фризура и прекрасна шминка, Кирил решил да ги прекине работните обврски. Совршено стилизирана пејачката се упатила кон болница.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков: Ако има мафија во Бугарија тоа се околу 50 луѓе

Следно

Денеска Регулаторна комисија се очекува да ја објави покачената цена на парното греење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian