Депај: Ќе останам во Барса дури и ако потпишат уште шест напаѓачи

1 min read

Напаѓачот Мемфис Депај (28) им кажа на соиграчите на Барселона дека нема да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Диарио Спорт“.

Холанѓанецот се свртел кон соиграчите во соблекувалната и им рекол: „Ќе останам дури и доколку потпишат уште шест напаѓачи“.

Депај е изненаден од однесувањето на управата на Каталонците откако минатото лето дојде во клубот како слободен играч и направи значително намалување на платата.

Во исто време, има намера целосно да го исполни неговиот договор, кој важи до 30 јуни 2023 година.

Минатата сезона постигна 13 гола и запиша две асистенции на 37 мечеви за Барселона во сите натпреварувања.

Моментно тренерот на екипата, Чави има голем избор во нападот, покрај Депај на располагање ги има и Пјер-Емерик Обамејанг, Роберт Левандовски, Рафиња, Усман Дембеле, Ансу Фати, Мартин Брајтвајт и Феран Торес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Москва и Ријад се решени за постигнување рамнотежа на пазарот на нафта

Следно

Жената што го обвини Боб Дилан за сексуално злоставување се откажа од тужбата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian