Владата на Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков на последниот состанок донесе одлука за привремено затворање на бугарскиот конзулат во рускиот град Екатеринбург, јави дописникот на МИА од Софија.
Според одлуката, бугарските власти, со оглед на ограничувањето на нормалните и разумни рамки на руското дипломатско присуство во Бугарија и врз основа на разбирањето дека билатералните односи треба да се засноваат на реципроцитет, Бугарија привремено ќе го затвори својот конзулат во рускиот град Екатеринбург, очекувајќи реципрочни дејствија од руска страна за односот на Генералниот конзулат во градот Русе, лоциран на реката Дунав.