Жена покажа што пробала во ресторан со Мишелин ѕвезди, луѓето пишуваат: Не, благодарам, ќе си јадам дома

2 mins read

Тиктокерката Рабиа Хумира Раја посетува најразлични ресторани низ светот и на своите следбеници им покажува каква храна се служи. Неодамна, таа била во ресторанот „Alchemist“ со две Мишелин ѕвезди во Копенхаген, Данска.

Таа покажала дел од јадењата што можат да се јадат во тој ресторан. Рабиа пробала необични јадења како што се шербет од еленска и свинска крв, гаспачо послужено на лажен човечки јазик и пилешки батаци.

Нејзините следбеници не се воодушевени од изборот

На менито имало и пена од остриги со балсамик, сирова медуза, која Рабиа ја опиша како „лигаво и тешко за џвакање“ како и гел од рибино очи со кавијар и бел аспарагус.

„Најтешките работи за јадење во ресторанот „Alchemist“ со Мишелин ѕвезички“, напиша таа во видеото.

@rabiahraja The hardest things to eat at 2 michelin star restaurant Alchemist. #restaurant #michelin #food #copenhagen ♬ Funny Song – Cavendish Music

Нејзините следбеници не се баш воодушевени од понудата.

„Не, благодарам, ќе си јадам дома“, „Овој ресторан е сигурно социјален експеримент за да видиме што всушност ќе консумираат богатите луѓе“, „Ресторани, слушајте. Само затоа што технички можете да ставите нешто во уста, не значи дека треба да се јаде“, „Сигурен сум дека овој ресторан сака да ги избрка клиентите, но тие едноставно не престануваат да доаѓаат“, „Ако некој некогаш ме донесе овде, тоа значи дека ме мрази“, „Се држам до Мекдоналдс“, се дел од коментарите.

Инаку, посетителите на „Alchemist“, ресторан кој овозможува импресивно гастрономско искуство, плаќаат 469 фунти за стандардна резервација на маса, додека резервацијата во комбинација со вино на сомелиерската маса е 1.625 фунти.

Се наведува дека овој ресторан добил две Мишелин ѕвезди: едната за гастрономија и одржливост, а другата за одлично готвење за кое вреди да се дојде во ресторанот.

„Извонредно и совршено кореографирано јадење. Вечера со 50 понуди е поделена на пет јадења и се служи на различни локации, вклучително и спектакуларна купола слична на планетариум. Јадењата се технички сложени и многу креативни со драматични контрасти“, се вели во описот за овој ресторан во Копенхаген.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

2МФЛ: Вардар на стартот против Аресими, Борец домаќин на Слога 1934

Следно

Мицкоски се сретна со Гир, му ги кажал партиските ставови за достоинствена интеграција во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian