Во Иран за една недела второ апсење на израелски шпиони

1 min read

Во Иран се уапсени пет лица под обвинение дека биле дел од наводната израелска шпионска мрежа, објавија денеска иранските медиуми.

Тоа е второ апсење шпиони во Иран во рок од една недела. Лидерот на мрежата и четворица негови соработници се уапсени поради што биле „поврзани со израелскиот режим“ и наводно во контакт со шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, за која „собирале информации од важни и витални области“.

Полуофицијалната Иранска работничка новинска агенција (ИЛНА) објави дека шпионска мрежа е обвинета за подметнување пожар и била обучена да врши терористички акти и саботажа, а за своите активности добивала пари и поседувала „напредна опрема“, мобилни телефони и сим-картички.

Не е соопштена националноста на осомничените шпиони.

kurir.mk

Претходно

Градските власти ќе им помогнат на прилепските семејства со опожарените куќи, отворен е повикот за помош

Следно

Асфалтираните патеки од Градскиот парк ќе бидат тартан патеки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian