Во Грција се потврдени вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници

1 min read

Заклучно со 28 јули 2022 година, во Грција се потврдени вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници, 12 повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Сите потврдени случаи се кај мажи од 22 до 59 години, а 38 отсто, односно 12 од заразените пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Од ЕОДИ соопштија дека пациентите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Додаваат дека во Европа, до 26 јули 2022 година, се регистрирани 13.043 случаи на мајмунски сипаници во 37 различни земји.

Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН ја повика Полска да прекине со двојните стандарди во третманот на бегалците

Следно

Гичевска во новата сезона ќе настапува за Локомотива Загреб

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian