Во Дубаи отворена најголемата вертикална фарма: Користи 95 отсто помалку вода

1 min read

Вертикалните фарми се моќна алтернатива и одлично решение за кризата со земјиште и не се помалку функционални од традиционалните. Исто така, така се заштедуваат огромни количини на вода.

Иако вертикалните фарми не се нешто ново во светот, една привлече огромно внимание бидејќи станува збор за најголемата вертикална фарма во светот која е подготвена да произведе повеќе од 900.000 килограми зеленчук годишно.

Фармата наречена „Bustanica“ ја изгради компанијата „Crop One Holdings“ во соработка со „Emirates Flight Catering“, а беше отворена во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, недалеку од меѓународниот аеродром Ал Мактум. Површината на фармата е 30.658 квадратни метри.

Зеленчукот што ќе се одгледува на оваа фарма ќе биде „целосно чист“ бидејќи ќе расте без пестициди, хербициди и други хемикалии. Исто така, фармата користи 95 отсто помалку вода во споредба со традиционалните фарми, а ќе произведува три тони производ дневно благодарение на употребата на машинско учење, вештачка интелигенција и анализа на податоци.

Фабриката користи затворен систем кој овозможува водата да циркулира низ растенијата со цел ефикасно да се искористи. Водата испарува за време на процесот на наводнување и се рециклира во системот, што заштедува 250 милиони литри вода секоја година во споредба со традиционалните отворени фарми со исто производство.

Зеленчукот ќе им биде послужен како храна на патниците во авионите на компанијата „Emirates“, како и на другите авиокомпании кои соработуваат со „Emirates Flight Catering“. Ќе се продава и во локалните продавници под брендот „Bustanica“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алиоски би можел да ја продолжи кариерата во Фрајбург?!

Следно

Градските власти ќе им помогнат на прилепските семејства со опожарените куќи, отворен е повикот за помош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian