ВМРО-ДПМНЕ: Власта бега од избори и од референдум

1 min read

Власта бега од избори и од референдум, власта бега од народот. Предавникот Ковачевски знае дека народот е против бугаризацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување и на избори, и на референдум. Тој само се грижи за својата фотелја и како ден повеќе да остане на власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Референдумот е најдобар начин да се слушне ставот на народот. Власта не смее да го заложува целиот народ, идентитет, историја и јазик – велат од партијата.

Интеграцијата во ЕУ треба да се случи под достоинствени критериуми, како што било пракса со сите држави кои до сега станале членки. Македонија и македонскиот народ не треба да бидат дискриминирани и асимилирани во тој процес“ се додава во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рецепт за прочуените грчки ќофтиња од тиквички и фета сирење

Следно

ЈП Паркови и зеленило, по невремето, интервенираа на 30 локации во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian