ВИДЕО: Во Софија заврши европското фудбалско лето за Македонија ЃП

1 min read

После Академија Пандев, и Македонија Ѓорче Петров летово рано го заврши настапот во европските клупски натпреварувања.

После нерешените 0:0 на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, играчите на Муарем Бајрами се обидоа на реваншот во Софија против ЦСКА да направат изненадување, но Бугарите тоа не го дозволија.

После првото полувреме водеше домаќините со 1:0, голот беше дело на Матеј после асистенцијата ба Маурисио во 31 минута од средбата на стадионот „Бугарска Армија“.

Предноста ја зголеми Јомов во 61 минута, а асистентот на тој погодок Туфегџиќ стрелаше за 3:0 во 78 минута. Конечниот епилог го постави интернационалецот од Хаити, Назон, во 87 минута за убедлива победа на ЦСКА Софија од 4:0.

За пласман во плеј-офот на Лигата на конференции ЦСКА Софија ќе игра против победникот од двомечот Мура (Словенија) – Ст. Патрикс (Ирска).

Лига на конференции
2. квалификациско коло

Реванш (во заграда е резултатот од првиот натпревар)
ЦСКА Софија – Македонија ЃП 4:0 (0:0)

Македонија ЃП: Стевковски, Зука (Пецов 74`), Мишевски, Личина, Илиевски (Лазаревиќ 74`), Мена Перез (Абази 74`), Адем, Емини, Алексовски (Вучичевиќ 59`), Ѓурѓевиќ (Скендери 59`), Стојкоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Баербок: ЕУ треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници

Следно

Три хороскопски знаци кои треба да ја слушаат својата интуиција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian