Откорнато парче од лимена покривна конструкција од зграда попладнево оштети повеќе куќи и едно возило во Охрид, откако градот го зафати силно летно невреме со пороен дожд и ветер.
Информацијата ја потврди раководителот на Центарот за управување со кризи од Охрид, Митко Темелкоски, посочувајќи дека за среќа нема поврeдени луѓе.
– Имаме дојава за паднат дел од кров на улицата „Лазо Трповски”, кој оштетил неколку соседни пониски објекти. Причинета е материјална штета, за среќа нема повредени, изјави Темелкоски.
Најлоши се летните невремиња.
Ова е Охрид пред два часа. pic.twitter.com/P7XsM8yVPD— Фортификација (@Fortiifikacija) July 28, 2022
Силниот ветер, проследен со дожд и град откорна дрвја, искрши гранки и искина кабли од телефонски и телевизиски оператори во градот.