Украинската воена база во близина на Киев уништена од руски ракети, соопшти украинскиот Генералштаб

2 mins read

Руски крстаречки ракети погодија воена база во близина на главниот град Киев и делумно ја уништија, соопшти денеска украинскиот Генералштаб.

– Околу 5:00 часот по локално време, непријателот изврши напад со истрелување на шест крстосувачки ракети „Калибр“ врз воената единица Лиутиј во регионот на Киев, изјави Олексиј Громов, висок функционер на Генералштабот.

Главната зграда е уништена, а уште две се оштетени, рече тој, додавајќи дека украинската воздушна одбрана погодила еден од шесте проектили. – Ракетите беа истрелани од Крим, полуостров анектиран од Москва во 2014 година, додаде Громов.

Вторите бомбардирања во четвртокот ги извршија Русите во регионот Чернихив во северна Украина со повеќецевни ракетни фрлачи, а беа истрелани од територијата на Белорусија, сојузникот на Москва, додаде Громов.

Друго бомбардирање Русите денеска изведоа и во регионот Чернихив во северна Украина со повеќецевни ракетни фрлачи, а беа истрелани од територијата на Белорусија, сојузникот на Москва, додаде Громов. Тој посочи дека украинската војска притоа претрпела загуби.

Има „жртви“ меѓу украинската армија, рече тој.

Според него, руските сили продолжуваат да напредуваат кон Сиверск и Бахмут во Донбас, индустриски регион кој Москва сака целосно да го освои.

Ситуацијата таму е „тешка, но целосно под контрола“, рече тој.

Во окупираната област Херсон на југ, каде што украинските сили спроведуваат контраофанзива, во последните две недели успеаја да вратат под нивна контрола три села окупирани од Русите.

Други украински официјални лица денеска известија за руски бомбардирања во неколку региони.

– Денешното утро е бурно. Повторно руските ракети сеат терор, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм. Киев „нема да се предаде или да потклекне, рече тој.

Најмалку едно лице загина, а две други се ранети во напад на областа Дњепропетровск, објави гувернерот на таа покраина Валентин Резниченко.

Гувернерот на регионот Миколаев на југ пријавил „големо ракетирање“ во кое е уништено училиште и при што е рането најмалку едно лице.

Градоначалникот на Харков, друг град на североистокот, пријави два ракетни напади С-300 кои предизвикаа пожари.

kurir.mk

Претходно

НВО „Градиме иднина”: Во земјава дневно питачат по две илјади лица

Следно

Пронајдена дрога кај млад Швајцарец во Гази Баба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian