Шкендија против шведскиот АИК за плеј-оф во Лигата на конференции

1 min read

Шкендија успешно продолжува ова лето на европската фудбалска сцена, прескокна уште една пречка во квалификациите на Лигата на конференции.

После ерменскиот Арарат Ереван, овојпат тетовските „црвено-црни“ со две победи ја елиминираа летонската Валмиера.

После триумфот од 1:2 во Летонија, играчите на тренерот Артим Шаќири славеа и на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје овојпат со резултат 3:1.

Македонскиот претставник поведе во 11 минута, Хасани изведе слободен удар, а највисоко скокна Бејтулаи кој со глава ја испрати топката во гостинската мрежа.

Израмнување се случи во 25 минута со погодокот на Мурата после асистенцијата на Кролис, а позитивата на домаќините ја врати Дориев кој истрча скоро пола терен, се ослободи од неколку противнички играчи и на крајот го матираше голманот Матревицс.

Од 67 минута Летонците играа со еден фудбалер помалку на теренот поради двата жолти картони на Мурата. Тоа помогна Шкендија да постигне уште еден гол овојпат преку Рамадани Ф. во 85 минута по додавањето на Елези.

Шкендија во третото квалификациско коло на Лигата на конференции за пласман во плеј-офот ќе игра против шведскиот АИК. Првиот меч ќе се игра во Шведска на 4 август, а возвратната пресметка е седум дена подоцна во Скопје.

Лига на конференции
2. квалификациско коло

Реванш (во заграда е резултатот од првиот натпревар)
Шкендија – Валмиера 3:1 (2:1)

Шкендија: Захов, Незири, Цаке, Бејтулаи, Мурати, Дита, Рамадани Р. (Рамадани Ф. 71`), Дориев, Хасани (Елези 79`), Шала (Нафиу 59`), Гури (Стојановски 79`).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски: Неколку македонски партии се финансираат од Москва

Следно

„Боли“: Крис Рок првпат проговори по инцидентот со Вил Смит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian