Шакира одбива да ја признае вината: Пејачката го отфрли договорот со обвинителството околу даночниот долг

1 min read

Колумбиската пејачка не платила 14,5 милиони евра даночен приход во периодот од 2012 до 2014 година. Ова е време кога, според адвокатите на пејачката, таа не живеела во Шпанија.

Шакира го отфрли договорот за признавање вина пред обвинителите во случајот за даночна измама во Шпанија, од 14,5 милиони евра, и сега е чекор поблиску до судење, изјавил нејзин претставник за медиумите.

Латино дивата, која има продадено повеќе од 80 милиони плочи ширум светот, е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата. Шакира секогаш ги плаќала сите даночни обврски и смета дека случајот е „целосно кршење на нејзините права“, се вели во соопштението. Таа тврди дека се преселила во Барселона во 2015 година. Таму живеела со фудбалерот Жерар Пике. Двојката има две деца, но од неодамна веќе не живеат заедно.

Пејачката вели дека иако нејзиниот адвокатски тим не се согласил целосно за наводниот долг, таа платила 17,2 милиони евра кои шпанската даночна служба тврдела дека ги должи.

Според неа, таа со години нема неподмирен долг кон даночните власти. Сега судот ќе ѝ испрати покана за рочиште и треба да се одреди датум за судење.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Асфалтираните патеки од Градскиот парк ќе бидат тартан патеки

Следно

НВО „Градиме иднина”: Во земјава дневно питачат по две илјади лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian