Се огласи жената која Илон Маск му ја „украде“ на пријателот Сергеј Брин

2 mins read

Милијардерот Илон Маск пред неколку дена беше обвинет за раздорот во бракот на соосновачот на „Гугл“ Сергеј Брин и сопругата Никол Шанахан. Оттогаш не престанува да се пишува за скандалот околу наводната афера на Маск и Шанахан.

По неколкудневен молк, се огласи Никол, велејќи дека наводната љубовна врска со Илон Маск е целосна лага.

„Бидете сигурни дека секоја помисла дека Никол имала афера со Илон Маск не е само лага, туку и клевета“, порачала таа преку својот адвокат Брајан Фридман.

Пред неколку дена и Маск ја демантираше аферата.

„Јас и Сергеј сме пријатели и синоќа заедно бевме на забава! Никол ја видов само двапати во три години, и двата пати со многу други луѓе околу себе. Ништо романтично“, објави тој на Твитер.

Да потсетиме, наводите за аферата на Шанахан и Маск беа објавени во угледниот „Волстрит журнал“, каде што пишуваше дека токму оваа афера го докрајчила бракот на Брин и неговото пријателство со Маск.

Фото: Профимедиа

Американските медиуми пишуваат дека Брин на почетокот на јануари поднел барање за развод, а како причина ги наведува „непремостливите разлики“ меѓу него и Никол.

„Сите прашања кои се однесуваат на имотните права или обврски на странките ќе бидат утврдени со доверлива обврзувачка арбитража согласно писмена спогодба помеѓу страните“, се вели во документите, пренесени од „Бизнис инсајдер“.

Маск се пишмани за купувањето на Твитер, авантурата може да го чини милијарда долари

ФОТО | Сите се смеат на фотографиите на Илон Маск во костим за капење: Не сакавме тоа да го видиме!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РФМ на средба со претставници на ИХФ за претстојното СП 2022

Следно

Реакција на професори Албанци: Паралелна „Академија“ како здружение веќе функционира во Македонија!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian