Роналдо побара да го раскине договорот со Манчестер јунајтед?!

2 mins read

Набргу откако побара од Манчестер јунајтед да го продаде, Кристијано Роналдо побарал и раскин на договорот за што поскоро да најде нов клуб, пренесува „Дејли Мејл“.

Португалецот сака да игра во Лигата на шампионите следната сезона, а бидејќи тоа нема да може да го направи со Јунајтед, планира да најде екипа која ќе му овозможи да настапува во елитното европско клупско натпреварување.

Голем проблем во таа потрага е неподготвеноста на Јунајтед да го продаде, то би била сума за која веројатно никој не би го купил бидејќи покрај надоместот, би морал да си ја покрива платата од речиси 30 милиони евра годишно.

И покрај барањето за раскин на договорот, изворот пишува дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг сепак сака Португалецот да остане на „Олд Трафорд“ како важен дел од тимот за следната сезона и дека клубот не планира да го пушти ни за надомест.

Повторно се шпекулира дека Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Баерн Минхен.

– Првите луѓе на Баерн интензивно разговараат за Роналдо. Главна тема е враќањето на парите, кои би биле вложени во португалскиот фудбалер, како и заработката од евентуалното доаѓање на Роналдо во Баерн. Раководството на Баерн разговара за тоа колку трансферот на Роналдо би му донел на клубот во поглед на видливоста на социјалните мрежи, како и колку дресови со презимето на португалскиот фудбалер би биле продадени во Германија и ширум светот – пренесува „Билд“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во САД рекордни 1.048 нови случаи на мајмунски сипаници за 24 часа

Следно

Почина Бернард Крибинс, ѕвездата на серијата „Доктор Ху“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian