Рецепт за прочуените грчки ќофтиња од тиквички и фета сирење

2 mins read

Ќофтињата од тиквички, колку што тешко се изговараат на грчки, дотолку се, всушност, едноставни за правење. Колокитокфетедес се традиционално грчко јадење кое често можете да го најдете на нивната трпеза, но и во рестораните. Тоа се ќофтиња од тиквички и фета сирење и се неверојатно вкусни и сочни. Брзо се прават, а се одличен предлог за ручек.

Грците сакаат да користат зачини, тие се многу имагинативни во кујната, па и на ова јадење му даваат посебна арома. Можете да додадете и босилек, нане или нешто друго по ваш избор. Послужете со цацики салата.

Состојки:

– 4 тиквички
– 150 г фета сирење
– 190 г презла
– 4 млади кромитчиња
– малку мирудија
– малку магдонос
– 2 јајца
– 1 кромид

Подготовка:

Тиквичките и кромидот изрендајте ги, па посолете ги и оставете ги да отстојат околу 10-15 минути, да ги пуштат соковите. Исцедете ги дополнително со рацете, а додека стојат, измешајте издробено фета сирење со јајце и сечкана мирудија и магдонос, како и млад кромид.

Измешајте ги со тиквичките и кромидот, па зачинете по желба. На крајот, додадете ја и презлата и соединете ја смесата. Од смесата вадете со лажица, обликувајте топчиња, валкајте ги во презла и пржете ги во загреано масло, па вадете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии.

Напомена: Пржењето ќе оди многу подобро ако имате тава со нелепливо дно. Во тој случај ќе користите и помалку масло. Најдобро се служат со грчки јогурт или ако имате време, направете ја познатата цацики салата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Андреј Добрковиќ е новиот среден бек на РК Вардар

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Власта бега од избори и од референдум

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian