Во скопското село Идризово денеска во 14.20 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(47) од Скопје.
Како што информираа од МВР, тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна од осум месеци за сторено кривично дело по член 131 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната