По силното невреме што вчера попладне го зафати Аеродром, при што беше причинета материјална штета на повеќе локации низ општината, градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со општинските служби веднаш излегоа на терен и ги посетија жителите кои претрпеа најголеми штети во временската непогода.
-Граѓаните можат да бидат сигурни дека имаат вистински партнер во Општина Аеродром, а нашите служби работат со сите засегнати страни на што побрзо санирање на штетите. Остануваме на терен сѐ додека е потребно и додека не бидат отстранети сите опасности за граѓаните, порачаа вчера до општина Аеродром.
Аеродромци, на социјалните мрежи, алармираа дека сливниците се полни со вода по дождот, дека има откорнати дрвја и гранки, а невремето оштетило и фасада на зграда, но имало и откачен семафор.
Во координација со ЦУК надлежните веднаш излегле на терен да ги санираат штетите со цел да не биде загрозена безбедноста на граѓаните.