Од утре се спуштаат рампите за регулирање сообраќај во стариот дел на Охрид

1 min read

Рампите за влез и излез во стариот дел на Охрид од утре ќе бидат ставени во функција, соопшти Општина Охрид.

Жителите и туристите кои престојуваат со моторни возила, како што е наведено, ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат ревидирана картичка за движење во овој дел од градот од 2021 година.

– Рампите пред „Горна порта” и пред „Каменско” ќе функционираат 24 часа, а рампата пред Капетанија ќе биде во функција од 5 до 20 часот. Од 20 до 5 часот, оваа рампа ќе биде затворена за пропуштање на сообраќај, а во истиот период, затворени за сообраќај ќе бидат и улиците „Коста Абраш” и „Самоилова”, информира Општина Охрид.

Дотурот на стока во стариот дел на градот, според информацијата, правните лица ќе може да го вршат со издадена картичка, секој ден во периодот од 5 до 10 часот.

– Се известуваат сопствениците на сместувачките капацитети, кои немаат обезбедено сопствен паркинг, дека своите гости можат да ги насочат за влез исклучиво преку „Горна Порта”, само за да извршат истовар на патници и багаж. За овие возила дозволен е престој во стариот дел на градот во времетраење од 15 минути, стои во информацијата.

Такси возилата кои вршат превоз на патници ќе бидат пропуштани во стариот дел на градот само преку влезот кај „Горна Порта”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Смртоносна бактерија пронајдена во вода, ЦДЦ издаде предупредување до лекарите

Следно

Алжир, Нигерија и Нигер планираат изградба на гасовод низ Сахара

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian