Мицкоски се сретна со Гир, му ги кажал партиските ставови за достоинствена интеграција во ЕУ

1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски оствари средба со амбасадорот на Европска Унија во Македонија, Дејвид Гир.

– На средбата стана збор за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги нагласи ставовите кои ги има партијата и граѓаните на Република Македонија, а тоа е достоинствена интеграција со зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура, а не понижувачки процес со вклучена асимилација, соопшти прес-службата на партијата.

Мицкоски во текот на средбата укажа дека Владата воопшто не вложува напори за да изнајде решенија како да се пребродат кризите актуелни во Македонија.

Претседателот Мицкоски истакна и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жена покажа што пробала во ресторан со Мишелин ѕвезди, луѓето пишуваат: Не, благодарам, ќе си јадам дома

Следно

Кина се откажува од претходната цел на БДП, сега сака најдобри можни резултати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian