Леонардо Дикаприо мрази еден од неговите филмови толку многу што го забранил неговото прикажување

4 mins read

Холидувскиот актер Леонардо Дикаприо зад себе има голем број улоги во неверојатни филмови. Но, во неговата богата филмографија, сепак, има еден филм што го снимил и за кој веројатно никогаш не сте слушнале бидејќи актерот поминал повеќе од 20 години обидувајќи се да спречи филмот на се појави во етер.

„Don’s Plum“ се смета за најлошиот филм во прославената холивудска кариера на 47-годишниот актер. Импровизираниот црно-бел инди филм ја раскажува приказната за група од 20-годишници кои секоја сабота навечер се собираат во Лос Анџелес за да разговараат за несреќите во нивните животи.

Леонардо Дикаприо
Леонардо Дикаприо во филмот „Don’s Plum“ / Фото: Принтскрин/ИМДБ

Во главните улоги се Кевин Коноли и Тоби Мегваер, а филмот е снимен во текот на неколку дена помеѓу 1995 и 1996 година, една година пред Дикаприо да стане светска ѕвезда благодарение на неговата улога во „Titanic“. Но, интересно е што филмот е забранет да се прикажува во САД и Канада.

Режисерот на филмот, Р.Д. Роб, поднесе тужба од 10 милиони долари против Дикаприо и Мегваер. Во исказите поднесени како дел од тужбата во 1998 година, актерите тврдеа дека никогаш немале намера проект сличен на задача во филмско училиште да стане игран филм. Тие исто така тврдеа дека филмот го снимиле како услуга и добивале само 500 долари дневно и верувале дека ќе се прикажува само на независни филмски фестивали.

don's plum
Фото: Принтскрин/ИМДБ

Набргу по подемот на Дикаприо до слава, Мегваер беше избран за суперхеројот Спајдермен, што го поттикна режисерот на филмот Р.Д. Роб да договори состаноци со дистрибутерите со надеж дека филмот ќе допре до пошироката публика.

Но, откако актерите го блокираа објавувањето на филмот, продуцентот Дејвид Стантман ги тужеше за наводно покренување „измамна и принудна кампања за да се спречи филмот да биде објавен“, тврдејќи дека се плашеле дека може да „открие лични искуства или тенденции“. Сепак, филмот накратко беше објавен на интернет во 2001 година во Германија – не стигна во кината и доби мешани критики.

Тоби Мегваер
Тоби Мегваер во филмот „Don’s Plum“ / Фото: Принтскин/ИМДБ

Еден од продуцентите на филмот, Дејл Витли, ја создаде веб-страницата „freedonsplum.com“ во 2016 година и сподели линк до целиот филм на „Vimeo“, но видеото набргу беше отстрането.

„Не можам повеќе да молчам. Не можам повеќе да дозволам клеветите и лагите што ги направивте против „Don’s Plum“ да го нарушат големото дело на уметниците кои го создадоа. Веќе не се плашам ниту од вас, ниту од вашите адвокати. Издржав доволно. Ќе зборувам со слободата што ја имам, што ми ја дава нашиот Устав. Ќе се залагам за нашиот филм и за сите луѓе кои помогнаа да се направи“, во тоа време изјавил Дејл Витли. „Повеќе не те познавам, Лео, но се надевам дека научи нешто за зачувувањето на филмот и за твојата одговорност да го заштитиш и да придонесеш за тековниот експеримент на создавање филм. Не си поголем од уметноста, Лео“, додал тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Атлетико за 20 милиони евра купи репрезентативец на Аргентина

Следно

ВИДЕО: Коњаниците преку Петровец се упатија кон Крушево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian