Градските власти ќе им помогнат на прилепските семејства со опожарените куќи, отворен е повикот за помош

2 mins read

На четирите семејства кои во пожарот предизвикан од гром ги загубија домовите им е понудено привремено сместување, јавните комунални претпријатија расчистуваат и општината ќе помогне со максимална можна финансиска помош. Апелот за помош е отворен до сите добронамерни.

Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој го посети местото на трагедијата, за четирите прилепски семејства по пожарот околу полноќ предизвикан од удар на гром, вели дека сѐ ќе се направи да им се помогне.

„Повикав итна средба со сите релевантни структури и претставници на институции со цел да им излеземе во пресрет на овие семејства на кои им се случи оваа трагедија и се она што го печалеле цел живот го снема за миг. Јавните комунални претпријатија уште во раните утрински часови со свои екипи се присутни на теренот и ги расчистуваат остатоците од опожарените куќи. Овие семејства ќе бидат ослободени од комунални давачки додека се обновуваат нивните куќи, а Општината ќе помогне со максималната можна финансиска помош предвидена за вакви немили случаи. На семејствата ќе им биде понудено привремено сместување во прилепскиот интернат ‘Орде Чопела’ и во Домот за стари лица ‘Киро Крстески Платник’ и ќе добиваат топол оброк од кујната. Упатувам апел до сите општествено одговорни компании, како и до сите хумани луѓе да им излезат во пресрет и да им помогнат на овие семејства да си ги обноват своите домови, затоа што секоја помош е добредојдена“, изјави Јовчески.

Седумтемина од четирите куќи не се повредени, но се потресени и останаа на улица по големата трагедија кога околу полноќ по удар на гром на балконот од дедната куќа изби пожар и ги зафати четирите еднодо друго куќи во што изгоре сето што го имаа семејствата. За среќа нема повредени зашто навреме ги предупредиле соседите.

Гром изгоре четири куќи во Прилеп: Нема повредени, но е голема трагедија за седуммина прилепчани

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Дубаи отворена најголемата вертикална фарма: Користи 95 отсто помалку вода

Следно

Во Иран за една недела второ апсење на израелски шпиони

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian