Гичевска во новата сезона ќе настапува за Локомотива Загреб

1 min read

Репрезентативката на Македонија, Леонида Гичевска од следната сезона ќе игра за Локомотива Загреб од Хрватска.

Таа потпиша за клуб кој ќе биде дел од најелитното женско клупско натпреварување, Лигата на шампионите, а во екипата настапува уште еден Македонка, Андреа Седлоска.

Минатата сезона Гичевска играше за Ле Самбр Авену од Франција и беше помеѓу најдобрите стрелци во тимот. Претходно ги бранеше боите на Ле Пузен.

Левиот бек, кој може да аигра и на другите бековски позиции, доаѓа од Свети Николе, три години беше дел од јуниорскиот состав на Вардар, а во сезоната 2017/2018 беше во првиот тим на Вардар за настапите во ЛШ.

Потоа, беше член на Металург и Куманово, пред преселбата во Франција каде ги покажа своите квалитети.

Локомотива Загреб во ЛШ е во групата „Б“ со Мец, Рапид Букурешт, Будуќност, Сторхамар, Тим Есбјерг и Кастамону.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Грција се потврдени вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници

Следно

Смртоносна бактерија пронајдена во вода, ЦДЦ издаде предупредување до лекарите

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian