Г7 од декември планира да ги ограничи цените на руската нафта

1 min read

Механизмот за ограничување на цената на руската нафта, кој треба да ги ограничи приходите на Русија од извозот на овој енергетски производ, би можел да биде воспоставен на почетокот на декември, пренесе „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Британската агенција, повикувајќи се на висок функционер на земја членка на Г7, наведува дека 5 декември е одреден како датум кога ќе стапат на сила новите санкции на Европската унија со кои се забранува увоз на руска нафта по морски пат.

Заедно со новите санкции на ЕУ, организацијата Г7, која ја сочинуваат САД, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија, сака да постави плафон на цената на руската нафта во декември со цел да ги намали приходите на Москва и да ја принуди да ги прекине своите активности во Украина.

Г7 се обидува да ги убеди Кина и Индија, главните купувачи на руската нафта, да се приклучат на овој договор со цел цената на руската нафта да се постави на ниво над цената на производството, но значително пониско од сегашната пазарна цена.

Москва минатата недела објави дека ќе престане да испорачува нафта на земјите кои се приклучуваат на механизмот за ограничување, велејќи дека таквата мерка ќе им наштети на руските производители.

Гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, предупреди дека, наместо да ги почитува ограничувањата, Русија ќе ја пренасочи понудата кон земјите кои не воведуваат ограничена цена на нафтата.

kurir.mk

Претходно

Реакција на професори Албанци: Паралелна „Академија“ како здружение веќе функционира во Македонија!

Следно

Бидете внимателни, само во Скопје 141 сообраќајни прекршоци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian