ФОТО | Драган Спасов – Дац ќе стане дедо: Снаата Софија го покажа трудничкото стомаче

1 min read

Во домот на семејството Спасови за некој месец повторно ќе има повод за славење. Актерот и музичар Драган Спасов – Дац на 20 април го прослави својот 59-ти роденден, а на истиот ден актерот по втор пат заплива во брачните води. Без да знае, во тајност и со помош на најблиските пријатели, неговата долгогодишна партнерка, а сега веќе и официјална сопруга, Весна Терзиевска организирала матичар и мини прослава во еден познат скопски ресторан.

ФОТО+ВИДЕО | Се ожени синот на Драган Спасов Дац: Уникатен брачен пар

Пред два месеци постариот син на актерот, Јаков стапи во брак сои својата избраничка, Софија Христова, односно веќе Софија Спасов. Добра музика, убави гости, многу насмевки и танцување ја украсија свадбената прослава, а Јаков и Софија како младенци изгледаа магично. Модниот избор на невестата беше уникатен.

Моментално младиот брачен пар ужива на својот меден месец на Исланд. Софија на својот инстаграм – профил со своите пријатели сподели прекрасни фотографии со Јаков додека уживаат во медениот одмор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кина се откажува од претходната цел на БДП, сега сака најдобри можни резултати

Следно

ВИДЕО: Силно невреме во Охрид, откорнато парче лим од покрив оштети повеќе куќи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian