„Боли“: Крис Рок првпат проговори по инцидентот со Вил Смит

2 mins read

Комичарот за првпат проговори по инцидентот што се случи на овогодинешното доделување на Оскарите. Имено, актерот Вил Смит му удри шлаканица на Рок на сцената и пред сите, откако комичарот и водител на Оскарите се пошегува на сметка на сопругата на актерот Џејда Смит и фактот дека таа нема коса.

крис рок
Крис Рок / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Иако овој настан го споменуваше во своите стенд ап настапи, Крис Рок до сега јавно не проговорил за ова, иако овој скандал се случи во март.

вил смит
Вил Смит и Крис Рок / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Сега комичарот реши официјално да проговори:

„Секој што ќе каже дека зборовите болат, никогаш не бил удрен во лице. Да, боли мајко, но јас не сум жртва. Јас продолжив по тоа срање и отидов на работа следниот ден. Не одам на болница кога ќе се исечам од хартија“, истакнал Крис Рок, пренесува „People“.

Да се ​​потсетиме дека инцидентот се случи кога Крис Рок го претстави најдобриот документарен филм на Оскарите, попатно шегувајќи се со избричената глава на Џејда Пинкет Смит споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот „G.I. Јane“.

Фото: EPA-EFE/PAUL BERGEN

Рок рече дека едвај чека да ja види Пинкет Смит, кој има алопеција, како глуми во „G.I. Џејн 2“, што го натера Смит да се качи на сцената и да го удри Рок.

Смит се врати на своето место и рече – „Задржи го името на мојата сопруга надвор од устата“. Вил по ваквото однесување сепак ја доби наградата за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“.

Фото: Профимедиа/Јутјуб

Меѓутоа, тој подоцна претрпе многу санкции поради оваа негова постапка. На Вил Смит нема да му биде дозволено да присуствува на ниту еден настан на Академијата во следните 10 години, стриминг платформата „Нетфликс“ веднаш по церемонијата и нападот на Смит врз Рок престана да работи на сите проекти во кои актерот требаше да учествува.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шкендија против шведскиот АИК за плеј-оф во Лигата на конференции

Следно

ОН: Првиот брод со жито би можел утре да ја напушти Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian