Бајден со видео порака за 100-годишнината од албанско-американските односи: Горди и среќни за нашата соработка

2 mins read

На конференцијата во Тирана, организирана по повод 100 – годишнината од воспоставувањето дипломатски односите меѓу САД и Албанија, преку видеопорака се обрати американскиот претседатет Џо Бајден, кој изрази континуирана поддршка за Албанија за приклучувањето кон Европската унија и притоа им се заблагодари на Албанците за поддршката на Украина за време на руската агресија.

-Испраќам најсрдечни честитки за доживотното пријателство додека ја славиме 100-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу нашите земји. Кога САД ја бранеа независноста на Албанија по Првата светска војна, се создаде трајно пријателство на нашите народи, заедничка љубов кон слободата и вредностите на демократијата кои никогаш не беа скршени ниту во текот на децениите на диктатурата. Во иднина, САД ќе продолжат да стојат покрај Албанија, додека земјата ги зајакнува своите демократски институции, се бори против корупцијата и го исполнува својот пат за влез во ЕУ. Посакувам двете нации да продолжат да го надградуваат сето она што го постигнавме заедно и да обезбедат понадежна иднина за нашите деца, порача Бајден.

И поранешниот претседател Џорџ Буш им честиташе на Албанците за односите со САД, притоа се потсети на времето кога ја посетил Албанија и им се заблагодари на Албанците за гостопримството, порачувајќи дека „Албанија е сила на доброто во светот и САД се горди што ве нарекуваат сојузник”.

На официјална церемонија на одбележување на еден век дпломатски односи, воспоставени на денешен ден, што се одржа под слоганот „заедно, рамо до рамо” се обрати и претседателот Бајрам Бегај, кој истакна дека иницијатор и главната улога за започнување на овие односите поранешниот претседател Вилсон.

-Овие 100 години ја потврдуваат определбата за продолжување на соработката, во тешки и убави времиња, во клучни моменти од историјата, во предизвиците на безбедноста и мирот во регионот и во светот, рече меѓу другото Бегај.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведено лице барано со централна потерница, ова се деталите

Следно

ТФТ организатор на квалификациска група од Лигата на шампиони

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian