Арафат Муареми : Очекуваме нападите и притисоците да продолжат додека се бориме со криминалот во земјава

3 mins read

Првиот човек на финансиската полиција Арафат Муареми во разговор за „Слободен печат“ коментирајќи ги последните препирки на линија меѓу Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и Народниот правобранител вели дека чекорите и притисоците кон него се очекувани кога институцијата со која тој раководи се справува со криминалот во земјава.

Според првиот човек на финансиската полиција Муареми, поднесената кривична пријава до него која е актуелна деновиве во јавноста и се однесува за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за кривично дело „насилство“ е само продолжение на нападите против него и Управата кои доаѓаат од ист центар на моќ, откако претрес во Управата, неодамна направи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

– Јас како директор, како и вработените во Управата за финансиска полиција препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во завиност од надлежностите на институцијата. Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција – вели Муареми.

Според првиот човек на Финансиската полиција намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Меѓутоа како што тој појаснува за „Слободен печат“ во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржи засега од дополнителни коментари на ваквите однапред смислени сценарија. Муареми додава дека тој ги остава надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности.

Инаку, како што информираа медиумите сопственик на перална за автомобили во Дебар поднел кривична пријава против директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми за злоупотреба на службена положба и овластување, малтретирање во вршење на службата и насилство. Во пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, до Јавниот обвинител на Македонија до Владата и до Министерството за финансии сопственикот на пералната навел дека директорот Муареми му се заканувал и го уценувал.

Минатата недела при претресот во Управата, истражителите на Обвинителството ги запишале архивските броеви на неколку анонимни пријави од 2018 година до денот на претресот, а обвинителката Вилма Русковска за медиумите изјави дека постапуваат по пријава од граѓанин и од претресот зависи дали ќе има нешто основано во пријавата.

Во исто време Управата за финансиска полиција, пак, оваа недела извести дека тие поднеле претставка против обвинителката Русковска поради претресот, бидејќи тие сметаат дека тој бил неоснован.

Претрес во канцеларијата на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Бернард Крибинс, ѕвездата на серијата „Доктор Ху“

Следно

Скопјанката која исчезна пред четири дена пронајдена мртва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian