Анонимна дојава за бомба го затвори аеродромот во Софија

1 min read

Поради анонимна закана за поставена бомба, од утрово се затворени двата терминала на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми.

Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.

Поради таа причина и од двата терминала се евакуирани лица, соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи, што во моментот спроведува истрага

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈП Паркови и зеленило, по невремето, интервенираа на 30 локации во Скопје

Следно

Колинда Грабар-Китаровиќ ја покажа совршената фигура: „Вие сте ремек-дело“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian